24-годишен студент е напаѓачот од Прага

Најмалку 10 луѓе се убиени, а над 20 се ранети од кои девет тешко во масовното пукање во зградата на зградата на Филозофскиот факултет и Факултетот за уметност на Карловиот универзитет во Прага, пренесува чешката новинска агенција ЧКТ. Полицијата соопшти дека напаѓачот е елиминиран. Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан истакна дека „напаѓачот бил млада личност“ и според чешките медиуми станува збор за 24-годишен студент кој претходно бил поврзан со друго насилно убиство во селото Кладно, 24 километри од чешката престолнина. Полицијата, при потрагата по Давид Козак, утврдила дека тој всушност е извршител на масовното убиство на Универзитетот во Прага.

„Врз основа на првичните информации, можеме да потврдиме дека на лице место има мртви и повредени. Полицијата е излезена на терен, а целиот плоштад „Јан Палах“ и околината се целосно затворени“, соопшти чешката полиција на платформата Икс.

На лице место се наоѓаат и бројни медицински екипи, а на снимките штоп се шират на социјалните мрежи се гледаат луѓе како истрчуваат од зградата на факултетот која е во полициски обрач.

Новинската агенција Акту.цз наведува дека напаѓачот користел „долго оружје со оптика“.

„Моментно сум заглавен во својата училница во Прага. Напаѓачот е мртов, но чекаме да бидеме евакуирани. Се молам да излезам жив. Ја заклучив вратата пред обидот на напаѓачот да ја отвори. Пекол“, напиша Јакоб Визман.