Доаѓа нов бран врнежи од снег

0
155

Во Македонија се до крајот на оваа недела ќе имаме сув студ и стабилно време без врнежи. Наутро и тоа особено за време на овој викенд ќе биде особено студено, па така температурите понекаде ќе се спуштаат и под -10 степени. Што се однесува до максималните дневни температури, тие на многу места ќе се искачуваат за неколку степени над нулата, што значи дека студено ќе биде и преку ден.

Во петок и во сабота повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.

Во Скопје и околината исто така очекуваме стабилно, суво и студено време. Во петок и во сабота поовремено ќе дува засилен ветер од северен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -6 и -3 степене, а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 2 и 4 степени.

Нов бран на локални врнежи од дожд и снег ќе имаме во понеделник и во вторник, но детална анализа околу ова следува во следните метео објави, стои во најновата објава од метеопрогнозерот Славчо Попоски.