Експлозија во Косовска Митровица, има ранети , Детонација во близина на хотелот Бишевац.
Заменик директор на на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани изјави дека синоќа во Косовска Митровица дошло до експлозија во која се повредени две лица.
Ељшани за Танјуг потврди дека околу 23.50 часот во близина на мотелот Бишевац експлодирала рачна бомба и додал дека две лица се повредени, од кои едно потешко.
– Во експлозијата се повредени две лица, од кои едно потешко, но се надвор од животна опасност. Оштетени се и седум автомобили – рече Елшани.