Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на неговиот профил на „ТикТок“, се пофали со Снешко, кој го направи во Давос, каде што моментално престојува на Светскиот економски форум.
Вучиќ пишува дека ова е најубавиот Снешко Белиќ во Швајцарија, а го посвети на синот Вукан, но и на српските спортисти на кои им посака многу медали на Олимпијадата.
„Ова ќе биде најубавиот Снешко во Давос со шал и капа од Србија. Мислам дека ова е трет Снешко во мојот живот што го направив сам. Ова е најубавиот и најдобриот Снешко во Швајцарија и за нашите спортисти да освојат што повеќе медали на Олимпијадата и во фудбал на следното Европско првенство“, порача Вучиќ.
@jasamaleksandar Vukanu sam obećao više fudbala ove godine, pa da počnemo od – Sneška Crveno-Plavo-Belića. #wef24 #snowman #serbia #sneskozavukana #jasamaleksandar #srbija🇷🇸 #srbijanesmedastane ♬ original sound – Ja sam Aleksandar