На аеродромот „Никола Тесла“ во Белград наишле на проблем во безбедносната контрола, поради што дел од патниците ќе мора да ја напуштат зградата и уште еднаш да поминат низ безбедносната контрола што веќе ја поминале.
View this post on Instagram
Ова може да предизвика одложување и забавување на воздушниот сообраќај на белградскиот аеродром.
Проблемот во безбедносната контрола на аеродромот настанал, наводно, кога патниците кои долетале од Македонија по слетувањето влегле во автобусот, кој по грешка ги однел на погрешен гејт.
Така тие завршиле во транзитната зона, каде што не им е дозволено да бидат бидејќи Македонија не спаѓа во групата земји кои ги имаат потребните дозволи за тоа.
Тоа е меѓународно правило и од него нема отстапувања.
View this post on Instagram
Патниците од Скопје се запрени и подоцна ќе мора да ги поминат сите безбедносни контроли за да може да продолжи нормалното функционирање на патничкиот сообраќај на аеродромот.
Се проценува дека прекинот на сообраќајот ќе трае најмалку два часа, објави Курир.