Адио Ковачевски, никогаш повторно на Македонија нема да и се случи да биде водена од Ковачевски или слични нему неспособни кадри, кои ја заглавија државата, донесоа сиромаштија и криминал, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото се додава:
Ковачевски донесе понижувања. 600.000 сиромашни граѓани кои живеат со по 150 денари на ден. Неред отсликан во постојани пукања, убиства и кражби кои останаа неразјаснети.
Со Ковачевски во 21 век учениците чекаа учебници во декември, наместо во септември, а болните со месеци, а некои и со години чекаат терапија.
Еден километар автопат не е направен, ниту еден инфраструктурен проект почнат. Ковачевски ќе остане запаметен како целосно неспособен.
Со Ковачевски и екипата околу него Македонија никогаш не била подалеку од ЕУ, довербата во судството е 2%, а партизацијата метастаза.
Талат Џафери човекот што ќе го изгаси светлото на владата СДС и ДУИ, е дел од системот кој му овозможи на Ковачевски и на сите околу нив да ја уништуваат државата.
Џафери има бројни законски кршења, како и кршења на Устав, тоа се работи на кои тој ќе биде потсетен откако ќе се ослободи обвинителството и судството.
Се свири крај за СДС и ДУИ. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.
извор: ВМРО ДПМНЕ