Возач во Чаир удрил полицаец, полициски службеници испукале два куршума во обид да спречат возач да избега

0
58

Полициски службеници синоќа испукале два куршума во обид да спречат возач да избега. Тие, како што информира МВР, сакале да ги легитимираат лицата во возилото, но откако се приближиле до него, возачот тргнал и удрил еден од нив.

Инцидентот се случил околу 22.00 часот на подрачјето на Чаир во Скопје.

-Полициски службеници од СВР Скопје се доближиле до патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.Е., за да извршат легитимирање на лицата во возилото. Притоа, возачот го стартувал возилото и удрил еден полициските службеници, по што полициски службеници испукале два куршума. Набргу, возилото застанало, а лицата го напуштиле местото, наведува МВР во денешниот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.