Вкупно 40 ученици отпишани за една година од училиштата во Кавадарци

0
94

Вкупно 40 ученици се отпишани за една година од училиштата во Кавадарци, изјави за МИА, Зорка Вчкова, раководителка на сектор за образование и спорт при кавадаречката локална самоуправа.

Јануари 2023 – јануари 2024 година, отпишани се 37 ученици од основно и три ученика од средно образование, појасни таа.

Вчкова додаде дека не сметајќи ги отпишаните, во моментов во општината има 3.092 ученици во основно училиште и 1.419 средношколци.