Обединетите Арапски Емирати во неделата потпишаа договор за лансирање на летачка такси-услуга до 2026 година, јавува Анадолу.
На тој начин Дубаи ќе стане прв град во светот што ќе лансира комерцијална електрична такси-услуга низ целиот град.
Новинската агенција Емирати (ВАМ) на платформата X објави дека воздушното такси Џоби Авиејшн С4 е дизајнирано да прими пилот и четворица патници и има нулта емисија на издувни гасови.
Таксито, со максимален опсег на летот од 161 километар и максимална брзина од 320 километри на час, ќе има четири станици: во близина на меѓународниот аеродром во Дубаи, во центарот на градот, во Марина Дубаи и во Палм Џумеира.
Времето на патување помеѓу меѓународниот аеродром во Дубаи и Палм Џумеира, кое во моментов трае 45 минути со автомобил, ќе се намали на 10 минути со летачко такси, се вели во соопштението.
извор: Анадолу.
фото: Анадолу.