Барање на ВМРО-ДПМНЕ за итна седница за пасошите и возачките

Пратеникот Антонио Милошоски објави дека ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање за итна седница измена на два закони околу патните исправи и возачките дозволи.

Барање на ВМРО-ДПМНЕ за итна седница за пасошите и возачките, за да се поправи понижувањето што безрбетниците Пендаровски, Спасовски, Бујар, Артан, Заев, Ковачевски, Зечевиќ и Маричиќ им го приредија на државјаните на Македонија.
Со сервилноста кон трети држави ги затворија македонските граѓани во „државен притвор“ од г.п. Табановце до г.п. Богородица. Ветуваа интеграција, а го донесоа народот во состојба на буквална изолација. Полошо не било!, порача Милошоски.