Македонски државјанин најден мртов во Косово, жена која била со него е во бегство

0
118

Телото на починат 61-годишен македонски државјанин денеска попладне е најдено во Урошевац, соопшти косовската полиција.

Од полицијата за Телеграф велат дека телото било пронајдено во мотел на патот Приштина-Урошевац и дека случајот е окарактеризиран како сомнителна смрт.
Телото на починатиот било испратено во Институтот за судска медицина во Приштина, по што ќе се соопштат повеќе детали.

Од полицијата додаваат дека во собата во мотел со починатиот имало и жена, по која полицијата трага.