Приведени три лица во дебарско, затекнати при незаконит лов

0
102

На 16.02.2024, полициски службеници од Полициската станица Дебар ги лишиле од слобода Ќ.М.(42) од с.Мал Папрадник, општина Центар Жупа, Ј.Р.(42) од с.Броштица, општина Центар Жупа и Б.А.(50) од с.Житинени, општина Центар Жупа. Околу 14.30 часот на ловиште „Канео Стогово“ тие биле затекнати од ловочувар при извршување на незаконит лов. Кај нив биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Бенели“, повеќе ловечки патрони од различен калибар, усмртено диво животно и други предмети кои ги употребиле при вршење на делото.
Лицата биле задржани во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

извор: МВР