Глигорова објави колку точно изнесува просечната плата според неа – Вистинската просечна плата манипулатори едни е околу 25 000 денари

Граѓанската активистка, Ана Глигорова повторно се огласи, овој пат за просечната плата.

„ Просечната плата била 40 000 денари? Каква манипулација! Просечна плата е таа бројка која најчесто се повторува, а не аритметичка средина од огромен број 24 000 и доста помал број 60 000, 100 000 и повисоко. Вистинската просечна плата манипулатори едни е околу 25 000 денари. Овде многу луѓе се на ниво на второ одделение па затоа не се знае што е мода, медијана, фрекфенција, аритметичка средина или ранг. Слабо со математика, лошо основно“, напиша таа на фејсбук.