Зачестија ноќни пресметки во Белград – двајца мажи избодени ноќеска, едниот починал

0
66

Тројца мажи биле избодени синоќа во Белград, по што итно биле пренесени во болници. Од здобиените повреди еден од повредените починал.

Двата убоди се случиле синоќа околу еден часот по полноќ.

Полицијата во 00:50 часот на Теразије запрела сомнителен автомобил „фиат 500“. Автомобилот го управувал М.В.(22), а на совозачкото седиште бил С.М.(32), кој обилно крварел и имал убодни рани на ногата и градниот кош.

Со возило на Брза помош бил пренесен во Ургентниот центар.

Избоден со нож во градите, почина во болница
Истовремено, на аголот на Добрачина и Дунавска, со убодна рана во пределот на градниот кош бил пронајден С.С. Итно бил пренесен во Ургентниот центар, но поради повредите околу 6 часот починал.

Трет маж е избоден со нож синоќа околу 3:45 часот пред ресторан во Нов Белград. Имено, пред ресторанот дошло до расправија помеѓу младиот П.С.(22) и група мажи. Расправијата ескалирала и тој бил прободен со нож во пределот на градниот кош.

Екипата на итната помош во тешка состојба го пренесе во КБЦ Земун.

Полициската работа е во тек, а доколку ресторанот има надзорни камери, полицијата ќе ја преземе снимката за да ги уапси сторителите.