Град Скопје целосно ќе ја финансира реконструкцијата на улицата Перо Наков кај Кванташки пазар

0
323

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска потпиша договор замеѓуопштинска соработка со градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски со што градот целосно ќе финансира реконструкција на улицата “Перо
Наков” во Гази Баба.

„На барање на граѓаните од заедниците Кирил Петрушевски, Триангла и Маџари 1, кои застапуваат повеќе од 10.000 жители, Градот Скопје ќе ја финансира реконструкција на улицата Перо Наков. Ова е значаен проект за жителите на Гази Баба затоа што улицата не била реконструирана со децении, а станува збор за најфрекфентната улица во општината.

Конкретно за улицата Перо Наков сепланира реконструкција на должина од 2.000 метри каде целосно ќе се заменат оштетените и ќе се изградат нови тротоари и ќе се постават нови автобускистојалишта долж улицата.“, изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

За градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски проектот е одговор на барањата на граѓаните на општината.

„Проектите треба да бидат одраз на барањата на граѓаните. Работиме во нивен интерес. Со реконструкцијата на оваа најфрекфентна улица го олеснуваме функционирањето на околу 30.000 граѓани кои циркулираат на дневна основа во овој дел од општината. Ќе биде опфатен потегот од раскрсницата со улица Маџари до улица Индустриска 2 каде ќе има ископ на коловозна конструкција, тампонирање и асфалтирање со три слоја асфалт, замена на оштетените рабници. Меѓу општинската соработка со Градот Скопје ќе донесе доста проекти за граѓаните на Гази Баба и ние како општина со ова го започнуваме циклусот на
градежна офанзива“, изјави Бобан Стефковски градоначалникот на Општина Гази
Баба.