Уставниот суд донесе одлука со која се укинува делот „националност” во Законот за матичната евиденција

Уставниот суд на денешната седница донесе одлука со која се укинува делот „националност” во Законот за матичната евиденција, a во рамките на предметот оформен по иницијативата поднесена од партијата „Левица“.
Според Судот, изјаснувањето за националната припадност, не е должност, туку можност и незадолжителен податок а граѓаните се лишени од правото и да не се изјаснат за својата национална припадност.
„Оспорените делови на одредбите од Законот за матичната евиденција, за изјаснување на граѓаните за сопствената национална идентификација, без можност за избор да се изјаснат или не, но и да го променат изјаснувањето, неспорно навлегува и во сферата на човековата приватност и личен живот, со што и од овој аспект Судот оцени за согласноста на оспорените делови од законските одредби со член 25 од Уставот“,стои во соопштението на Уставниот суд.
VOA