Притисоци врз судската власт во Северна Македонија е нешто што мора да престане. Судиите мора да бидат ослободени за да можат да го практикуваат правото.
Граѓаните на оваа земја имаат потреба од тоа, и се повеќе го бараат тоа, порача американската амбасадорка Анџела Агелер во обраќањето на Меѓународна конференција на тема „Уставно-судска заштита на слободата на мислата и слободата на јавно изразување на мислата“, организирана од Уставниот суд по повод 60 години од неговото основање со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Таа ја нагласи како што рече витална и незаменлива одговорност на Уставниот суд во изминатите шест децении во заштитата на основните човекови права, вклучително и слободата на говорот.
-Во САД и тука во Северна Македонија овој суд е од суштинско значење за да се овозможи транспарентно и правично општество.
Сите треба да ја почитуваат независноста на судиите кои што треба да бидат слепи за политичките влијанија и јавните мислења и да бидат водени од начелата кои што се втемелени во нашите устави.
Американскиот уставен судија се уште смета дека нашиот Устав не е напишан во песок за да може да се измие со секој бран од нови судии кои што се под влијание на политички бранови.
Притисокот кој што е ставен врз судиите во овие судови може да биде огромен.
Ние како граѓани инстистираме притисоци да бидат елиминирани и нашите судии секогаш да бидат независни без оглед на нивното потекло и лични мислења, рече Агелер.
Тој се осврна особено на законската регулатива во сферата на медиумите каде, вели, се бележи напредок.
-Зачувувањето на слободата на изразувањето е суштински концепт не само во Северна Македонија туку и во светот. При тоа новинарите продолжуваат да бидат жртви на напади како онлајн и офлајн.
Постојано се жртви на попречување на нивната работа. Но, нападите на новинарите се всушност напади на демократијата и општо на општеството, особено во време на предизборието.
Со задоволство можам да констатирам дека има подобрување на законската рамка во однос на зголемување на заштитата на новинарите.
Северна Македонија ги усогласи своите правни регулативи и прописи во однос на заштитата на медиумите и новинарите. Ќе продолжиме со поддршка тука, во регионот на ЗБ.
ЕУ се фокусира на зајакнување на капацитетите на поддршка на граѓанското општество и на професионалните организации.
Се надевам дека ова партнерство ќе обезбеди капацитети за да се заштитат фундаменталните слободи во годините кои претстојат, нагласи Нупнау.
На конференцијата се обратија и претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Јован Митрески, претседателот на Владата, Талат Џафери, министерот за правда Кренар Лога.
вг/ац/ .
Извор: МИА