(ВИДЕО) Уапсен е еден од напаѓачите во Москва

Еден од напаѓачите во концертната сала во Москва е упасен од специјалните сили во Русија.

Руските власти известуваат дека бројот на загинати во ужасниот терористички напад во Москва би можел да биде меѓу 40 и 100, со страшен додаток – бројот на жртви може значително да се зголеми во следните часови.

Оние кои стојат зад ова монструозно злосторство ќе ја претрпат заслужената и неизбежна казна, државата ќе им обезбеди секаква можна помош и поддршка на семејствата на жртвите и жртвите, изјави претседавачката на Советот на федерацијата Валентина Матвиенко.