Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Тајван
Страшен земјотрес го погоди источниот брег на Тајван во средата, проследен со серија послаби последователни потреси.
Најсилниот земјотрес беше со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала, а Јапонија веднаш издаде предупредување за цунами на нејзините јужни острови.
Епицентарот на земјотресот се наоѓал на околу 18 километри јужно од градот Хуалиен.
На граѓаните на Тајван и јужните делови на Јапонија првично им беше издадено предупредување за цунами и им беше препорачано да се евакуираат на повисоките места, поради брановите кои се очекува да достигнат висина од три метри. Во меѓувреме, предупредувањето за цунами е повлечено.
Денешниот земјотрес е, инаку, најсилниот што го погодил островот во овој век.
Оштетени згради и куќи се пријавени во округот Хуалиен, соопшти тајванското Министерство за одбрана. Припадниците на армијата беа испратени на терен за да им помогнат на настраданите, а училиштата и многу работни места беа затворени по земјотресот.
🔵#Taiwan Doppia scossa di #terremoto nella notte: 7,4 e 6,5 le magnitudo registrate a sud-est di Hualien City, a sud della capitale. Segnalata 1 vittima e 50 feriti, crollati alcuni edifici. pic.twitter.com/G0hxHOWVSc
— Rai Radio1 (@Radio1Rai) April 3, 2024
telegraf.rs