Вчера околу 18.23 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Волт Дизни“ во Скопје настанал пожар во куќа сопственост на Ѓ.Д.(65) од Скопје, а биле зафатени и куќите на А.А.(36) од Скопје, Ф.Е.(55) од Скопје и на Е.Н., која се здобила со повреди и била префрлена во здравствена установа за укажување лекарска помош.
Во пожарот, исто така, со повреди се здобил и Ѓ.Д.
Како што соопшти полицијата и тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат.