Од пладневните часови очекувајте локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Како што и долго време најавуваме од денес започнува дестабилизација на Атмосферата и влегуваме во многу нестабилен период со чести врнежи и грмежи, и тоа поради влијанието на циклон од западна Европа.

Денес, од пладневните часови се очекува локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста  и за ретка појава на град, па така доколку планирате скара во природа, тоа најдобро да го направите во текот на претпладневните часови.

Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk