МВР утврди неправилности: забавниот парк со панорамско тркало во Карпош ќе биде остранет

0
119

Постапувајќи по допрен глас дека во Скопје, на подрачјето на oпштина Карпош, поточно пред спортскиот центар Борис Трајковски, без соодветни документи и потребни дозволи се поставени реквизити за забавен парк меѓу кои и панорамско тркало, на 20.05.2024 Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во координација со службени лица од Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и градежен инспектор од oпштина Карпош излезе на лице место и презема конкретни соодветни мерки и активности од делокругот на својата надлежност и овластувања.

Имено, од страна на инспекциските служби, по преземените мерки и активности и констатираната фактичка состојба, изготвени се записници за констатирана состојба, додека од страна на овластен градежен инспектор од општина Карпош поведена е постапка за констатираните неправилности, по што ќе бидат преземени конкретни мерки во насока на отстранување на истите, престанување со вршење на активноста, како и дислоцирање на реквизитите.

извор: МВР