(ВИДЕО) Грчки навивачи се тепаа среде Берлин

0
100

Најмалку 12 лица се повредени во жестоката пресметка меѓу навивачи на грчките кошаркарски клубови Олимпијакос и Панатинаикос до која дојде изминатата ноќ во Берлин, ден пред вечерашното финале во Евролигата.

Олимпијакос и Панатинаикос се дел од фајналфорот во Берлин, а двете навивачки групи, според извештаите во германските медиуми, договориле пресметка на неутрален терен во кој учествувале повеќе од 70 хулигани.

Во пресметката повредени се најмалку 12 навивачи, од кои двајца потешко, а друг е во критична состојба и германските лекари се борат за неговиот живот.

Берлин вечерва од 20 часот е домаќин на финалето во Евролигата во кое за титулата ќе се борат Реал Мадрид и Панатинаикос, а претходно во натпреварот за третото место ќе играат Олимпијакос и Фенербахче.