Бислимовски: Намалениот увоз на струја може да ги намали и сметките

0
66

Инвестицискиот бум во соларна енергија помогна државата да го намали увозот на струја и со тоа може да има намалување на цената на струјата за домаќинствата, но и да биде проширена евтината тарифа, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси, Марко Бислимовски во неделното интервју на РСЕ.

Гoсподине Бислимовски, имаме намален увоз на струја од 30 проценти на 2,74 во 2023 година. На што се должи тоа?

За прв пат по долги години, увозот е сведен на минимум, и да речеме, горе-долу Македонија во 2023 била неутрална во однос на увозот на електрична енергија. Тоа пред сè се должи на големиот број изградени фотоволтаични електрани, кои што помогнаа македонските компании, особено кои голем дел од нив самите си поставиа фотоволтаици во тамо каде што имаат можност на своите кровови и тоа е една од најголемите причини да го намалиме увозот на електрична енергија. Производството на електрична енергија од фотоволтаични панели во 2023 година е зголемено за речеси 300 проценти и изнесува неколу 300 гигават-часови и кон оваа добра слика која што имаме во однос на увозот на електрична енергија, имаше и фактот дека во првите неколку месеци во 2023, работеше и термоелектраната Неготино.

Овој тренд на изградба на нови фотоволтаици продолжува и сега во оваа година. Некаде за четири месеци веќе имаме издадено нови лиценци за производство на електрична енергија, на електрани коишто се приклучени на соодветната мрежа. Тоа е некаде околу уште 100 мегавати. Со овие бројки коишто ги имаме, во 2024 повторно увозот ќе биде низок, што е добро за државата. Добро е поради тоа што енергијата си ја обезбедуваме сами, не се плаќа за обезбедување на прекугранични преносни капацитети кога увезуваме електрична енергија и тие компании кои што ќе изградат тука флотоволтаици, се домашни компании, кои еве сега и во одредени периоди од годината и заработуваат и тоа е показател дека Македонија кога треба, може добро да се организира.

Досега ова што се изгради придонесе да имаме ситуација во текот на денот, кога произведуваат флотоволтаиците особено во пролетните и летните месеци, да имаме сериозна разлика на цените во тој период од денот. Значи, од кај 10-11 часот до кај 16-17 часот и таа цена е некаде три пати пониска отколку цената после 18-19 часот. Сега треба таа придобивка да ја префрлиме и кај граѓаните. Ние како што знаете минатата година воведовме два часа на евтина струја, во периодот од 13 до 15 часот и тоа го направивме ислучиво затоа што го предвидовме вој процес. Ние знаеме дека во тој период, токму баш од 13 до 15 часот, гледаме дека цената на електричната енергија е исклучително ниска, дури има и периоди кога со негативни цени. Токму од тие причини за еден подолг период, некаде од 2022 па до сега, започнавме да правиме анализа со којашто сакаме да видиме, во период, во секој час, во секој ден од 2022-2023 година па до сега каква е разликата помеѓу тие цени.

И од тие причини ја правиме ова анализа, која ќе ни покаже дали има потреба и дали има можност да воведеме уште еден час дополнителна ефтина струја, која што би се проширила од 15 до 16 часот со единствена цел да испратиме сигнал, и до универзалниот снабдувач ЕВН Хоум и до ЕСМ, во тие периоди кога цената на електрична енергија е најевтина таа да се купува од берзи со цел во тој таа ниска цена на електрична енергија да биде во корист и на граѓаните. Тоа ќе му овозможи на ЕСМ, во тие периоди, да прави и заштеди на вода и таа вода да се користи за производство на електрична енергија во периоди кога цената на електричната енергија електричната енергија е далеку повисок.

 

 

slobodnaevropa.mk