На денешен ден во Солун почна судењето на преживеаните Гемиџии – на смрт беа осудени Шатев, Бошњаков, Богданов и Арсов

Османлиската власт, за овој процес, формирала специјален воен суд, кој потоа им пресудил на околу 300 лица. Четворицата од атентаторите што преживеале, Павел Шатев, Марко Бошњаков, Георги Богданов и Милан Арсов, биле осудени на смрт.

За 266 лица судот се изјаснил дека не е компетентен да им суди и биле ослободени, а еден дел биле осудени на затвор од 5 до 101 година.

Смртната казна на четворицата атентатори им била заменета со доживотен затвор, а по неколку месеци затворениците биле испратени на робија во затвори во Азија и во Африка, каде што Марко Бошњаков и Милан Арсов починале, а Павел Шатев и Георги Богданов биле амнестирани и ослободени во Хуриетот во 1908 година во Младотурската револуција.

Солунски атентати

Повеќе бомбашки напади на објекти, при што се внимавало да нема жртви, се изведени во Солун од 28 април до 1 мај 1903 година од страна на Гемиџиите, анархистичка револуционерна група која се борела за слободна Македонија. Целта на солунските атентатори била да се нападне најзначајниот европски град во Османлиската Империја за да се привлече вниманието на големите сили и да се реши македонското прашање.

Во изведувањето на Солунските атентати учествувале десетмина гемиџии: Јордан Поп Јорданов – Орцето, Константин Кирков, Димитар Мечев, Илија Трчков, Владимир Пингов, Павел Шатев, Марко Бошнаков, Милан Арсов и Георги Богданов и Цветко Трајков.

Поради страдањето на македонскиот народ од турската тиранија, Гемиџиите ослучуваат да преземат дејства преку кои ќе го актуелизираат македонското прашање во Европа. Со таа цел, решаваат да извршат напади врз објекти на европскиот капитал во Турција. Гемиџиите сметале дека на таков начин ќе ја заинтересираат европската јавност за состојбата во Македонија и дека преку нивните индивидуални акции ќе ги натераат големите сили да интервенираат во ослободувањето на Македонија.

 

denesen.mk