Археолозите ископале над 400 гробници во северна Кина кои датираат од пред повеќе од 2.000 години, објавија денес кинеските медиуми, пренесува Анадолу.
Како што јави кинеската новинска агенција Синхуа, кинеските археолози ископале 445 гробници во северната провинција Шанси, обезбедувајќи вредни податоци за проучување на начините на погребување и други практики од тој период.
Гробниците од Периодот на завојуваните држави (475-221 п.н.е.) се пронајдени на околу 500 метри северно од селото Ксуежуанг во градот Линфен. Работите на ископувањето, предводени од Институтот за археологија во Шанси, се вршеа повеќе од една година.
„Гробниците се со мала или средна големина и содржат повеќе од 700 парчиња културни реликвии како бронзени садови, железни прибор, керамика, жад и предмети од коски“, истакна Дуан Шуанглонг, истражувач од Институтот.
Дуан смета дека наодите ќе помогнат поблиску да се разбере културната еволуција од Периодот на завојуваните држави до династијата Чјин (221-207 п.н.е.).
извор: Анадолу.
фото: Анадолу.