Мечка е усмртена од возило на патот Гостивар – Охрид

Сообраќајна несреќа во која возило удрило во мечка на патниот правец Гостивар-Охрид, кај вториот каменолом, поради што животното починало на самото место, била пријавена утринава на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, известил Регионалниот ЦУК-Тетово. Нерсеќата се случила во 5.37 часот.

Од ЦУК информираат дека нема повредени во патничкото возило. На местото на несреќата биле присутни полициски службеници од ПС Гостивар. Исто така, известени биле и од Националниот парк „Маврово“ и ТППЕ Гостивар за отстранување на починатата мечка од магистралниот пат.