Путин ја предупреди Јужна Кореја да не ја вооружува Украина

0
40

Рускиот претседател Владимир Путин ја предупреди Јужна Кореја дека ќе направи „голема грешка“ доколку ја вооружи Украина во војна против Русија.

Неговите коментари доаѓаат откако Сеул рече дека ја разгледува таквата можност, како одговор на новиот договор меѓу Русија и Северна Кореја за взаемна помош во случај на „агресија“ врз која било земја.

„Москва ќе донесе одлуки кои веројатно нема да му се допаднат на сегашното јужнокорејско раководство доколку Сеул одлучи да го снабдува Киев со оружје“, изјави Путин за новинарите.

Рускиот лидер зборуваше во Виетнам, непосредно по посетата на Пјонгјанг каде потпиша договор за заемна одбрана со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Сеул претходно го осуди договорот како закана за националната безбедност, а советникот за национална безбедност Чанг Хо-Џин рече дека неговата земја планира „да го преиспита прашањето за поддршка на Украина со оружје“.

 

slobodnaevropa.mk