Детална информација за пријавени настани од невремето што го зафати Полошкиот регион проследено со силен дожд, град и ветер
На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК добиени се пријави за настани во врска со поплавени куќи,подруми заглавени коли, поплавени улици,патишта паднати дрвја и сл.
На повеќе улици во градот забележено е поплавување на голем број подрумски простории. Поплавени се сите подрумски простории на клиничката болница. Има поплавени куки во село Јегуновце, Фалише , Сиричино,Ул.Благоја Тоска, улица 180, улица 172, улица 109, улица 171, улица Илинденска и др . По барање на Комадирот на ТППЕ Тетово да биде исклучена електричната енергија во целиот град Тетово од страна на дежурна служба евн известија дека само половина од градот Тетово е без напон и може да се иклучи електричната енергија само каде што има поплавени куки или подруми, или кај што има искри од бандери што се оштетени од невремото.
На терен активно работат екипи од ЈКП Тетово,ТППЕ Тетово кои со помош на пумпи вршат испумпање на водатат од поплавените простории.
Од страна на ЈКП Тетово сме известени дека подвозникот на влезот во Тетово од кај Скопје кој беше поплавен и непрооден сега е прооден и сообраќајот се одвива редовно. Заглавеното возило од ТППЕ Тетово на истиот подвозник е тргнато. Исто така од страна на ЈКП исчистена е шахтата која го блокираша патот кај касарната во Тетово и истиот патен правец сега е прооден, а исто така и патот од кај спортскиот центар што оди кон касарната од страна на ЈКП е исчистен и прооден. Моментално во Тетово сите патни правци се проодни. Засега немаме добиено информации за излевање на вода од реките и потоците во полошкиот регион како што се Доброшка Река, Поројска Река, Пена, Вардар и останатите.
Раководителот на РЦУК Тетово, Арлинда Мухареми извести дека раководителот на ДЗС Г-дин Беким Максути формирал екипа за помош на погодените реони во Тетово и околината, опремена со пумпи и останата опрема и истите ќе се вклучат во помош во најкраток можен рок. Поради невремето голем дел од Тетово како и околните населени места се без електрична енергија. На сите кои пријавиле поплавени куќи и подруми од наша страна им е сугерирано да ја исклучат ел.енергија во својот дом за да не дојде до спој и несакани последици се додека не се испумпа водата од поплавените објекти. Во реоните каде што се интервенира од страна на ТППЕ Тетово и ЈКП Тетово во испумпување на водата, а каде што има проблеми со ел.енергија ( паднати бандери, искрење и др ) во координација со ЕВН ќе биде исклучена ел.енергија во времетраење на испумпување на водата од објектите. Имаше еден настан од поплавена куќа во Тетово во која слегувајќи по скалите во подрумот сопственичката се лизнала по скалите и се здобила со полесни повреди на главата и крварење на истата. Од наша страна е пријавено во Брза Помош кои интервенираа и на повредената и е укажана медицинска помош. Исто така има пријавено неколку настани за одрони како на патниот правец Скопје – Тетово поточно 1 км до с.Групчин-Општина Желино. Од наша страна известени се Македонија пат кои информираа дека ќе пратат екипа за да го исчисти одронот. На патниот правец Гостивар Маврово пријавено е дека има паднато дрво кај Хотел Империјал. Известени за настанот се Македонија Пат кои ќе интервенираат во отклонување на истото. Паднато дрво има и на патниот правец Брвеница – Гостивар кај фармата Единство во с.Челопек и искинати се кабли од ел.енергија. Известени се ЕВН како и ПС Жеровјане кои ќе пратат екипа и по пристигнување на местото на настанот ќе не информираат за моменталната состојба. По пристигнување на екипата од ПС Жеровјане добиена е информација дека не се работи за кабел од ел.енергија туку за телефонски кабел кој не претставува опасност по луѓето.Пријава за паднато дрво има и во с.Сараќино-Општина Тетово врз жици на далековод на ел.енергија. Од наша страна известена е дежурната служба на ЕВН на која им е сугерирано да го исклучат целиот извод за да може да се тргне дрвото и санира проблемот со ел.енергија.Од страна на Градоначалникот на Општина Јегуновце Г-дин Димитар Костадиновски сме известени дека во с.Сиричино има поплавено 10 тина куќи подрумски простории и дворови. Истиот бараше помош од ТППЕ Тетово , но поради проблемите настанати во градот ТППЕ Тетово не се во можност да помогнат во реонот на Општина Јегуновце. Моментално ТППЕ Тетово со 15 пумпи и сите расположиви сили интервенира етапно во градот и поради големиот број на пријавени настани не се во можност да се интервенира истовремено секаде. Моментално до сега пријавени поплавени подруми, куќи има од с.Јегуновце, с.Сиричино, с.Желино, ул.Јордан Златаноски, ул. Дервиш Цара, ул.141, ул. Предраг Јанчески, ул.171 ул.146, ул.Мехмет Паша Дерала, ул.151, ул. Фуштанска, ул.Кумановска, ул.Мирче Ацев, ул.Благоја Тоска, Блок 70, ул.118, Населба Тетовчанка и Населба мала Речица сите од Општина Тетово.
Во разговор со дежурната служба на ЕВН добиена е информација дека моментално се врши проверка на мрежата и доколку е се во ред ќе се пушти струја.