Ураганот Берил беснее на Карибите

0
29

Ураганот Берил остави трага на уништување на Карибите откако во понеделникот (1 јули, 2024) тропскиот циклон дојде до копното на неколку острови.

Невремето од четврта категорија проследено си силни ветрови ги вратите од нивните рамки, кршеше прозорци и корнеше покриви од домовите на луѓето, на Гренада, Света Луција и други карипски острови.

„Ова е исклучително опасна ситуација. Преземете акција веднаш за да го заштитите вашиот живот!“ соопшти во понеделникот американскиот Национален центар за урагани.

Ураган од петта категорија
„Берил се очекува да остане исклучително опасен голем ураган додека се движи низ Карипското Море подоцна неделава.“

„Берил сега е потенцијално катастрофален ураган од петта категорија“, додаде центарот во понеделникот доцна вечерта.

Властите на другите карипски земји издадоа предупредувања додека Берил се движи кон север, вклучувајќи предупредување за ураган во Јамајка и предупредување за тропска бура на Хаити.

„Мораме да почекаме да си замине ова чудовиште“, рече премиерот на Свети Винсент и Гренадините, Ралф Гонсалвес.

Националниот центар за урагани додаде дека „Берил се очекува да остане исклучително опасен голем ураган додека се движи низ Карпиското море“.

Невреме без преседан
Берил е најраниот досега регистриран ураган од 5-та категорија и само втор ураган од 5-та категорија регистриран во јули по ураганот Емили во 2005 година, соопшти Националниот центар за урагани на САД.

„Само пет големи урагани (категорија 3+) се регистрирани во Атлантикот пред првата недела од јули“, објави експертот за урагани Мајкл Лоури на социјалните мрежи.

Експертите велат дека ваквата необична метеоролошка појава е последица на климатските промени.

„Климатските промени се причина за тоа да се формираат поинтензивни урагани“, изјави Кристофер Розоф од Националниот центар за атмосферски истражувања.

 

DW