Лет на „Ер Европа“ пренасочен кон Бразил откако силни турбуленции повредија 30 патници

0
37

Авион на „Ер Европа“ од Мадрид, Шпанија, до Монтевидео, Уругвај, принудно слета во Бразил, поради силните турбуленции над Атлантскиот Океан кои повредија 30 патници, на кои им беше потребна итна медицинска помош, соопшти денес авиокомпанијата, пренесува Анадолу.

„Нашиот лет UX045 за Монтевидео е пренасочен кон аеродромот Натал (североисточен Бразил) поради силни турбуленции“, соопшти „Ер Европа“ на платформата Х.

„Авионот слета нормално, а полесните повреди кои се случија веќе се третираат“, се додава во соопштението.

По слетувањето, авионот го пречекале повеќе амбулантни возила.

Аеродромските власти потврдија дека на неколку патници им била потребна медицинска помош и веднаш биле пренесени во блиската болница.

Локален медицински тим пријавил дека пружил помош на најмалку 30 патници од различни националности, а 10 од нив се хоспитализирани на понатамошно лекување.

Извештаите укажуваат дека турбуленциите предизвикале патниците да ги удрат своите глави, што резултирало со повреди како кранијални фрактури и исеченици на лицето.

Сликите од внатрешноста на авионот покажаа како жици висат од преградите за багаж над главите, индицирајќи на сериозноста на инцидентот.

Овој инцидент следува по сличен настан на лет на „Сингапур ерлајнс“, кој наиде на тешки турбуленции над Мјанмар истиот ден, што резултираше со повеќемина повредени и смрт на британски патник.

извор: Анадолу.

фото: Анадолу.