Сашко Кедев нанижа уште еден успех. Македонскиот кардиолог го искачи 11-тиот врв над 8.000 метри надморска височина од вкупно 14 кои се наоѓаат на нашата планета.
Овој пат, неговата освоена цел беше Гашербрум II, позната и како К4.
Гашербрум II со висина од 8.035 метри е 13-та највисока планина на Земјата. Сместена е на границата помеѓу провинцијата Гилгит-Балтистан, Пакистан, и автономниот регион Синјанг, Кина.
Досега, 62-годишниот Кедев ги има искачено Монт Еверест (8.848 метри), K2 (8.611 метри), Лоце (8.516 метри), Макалу (8.463 метри) Чо-Оју (8.201 метри), Даулагири (8.167 метри), Манаслу (8.163 метри) Нг Парбот (8.125 метри), Анапурна (8.091 метри), Броуд Пик (8.047 метри).
На Кедев му остануваат за освојување уште три врва над 8 илјади метри.
femina.mk