(ВИДЕО) Паднати дрвја, блокирани и поплавени улици – дожд, град и силен ветар попладнево во Кавадарци

Невреме попладнево го зафати Кавадарци. За кратко време наврнаа големи количини на дожд, проследени со град и силен ветар.

Градоначалникот Митко Јанчев на Фејсбук сподели фотографии и видео материјал од невремето. Паднати дрвја, блокирани и поплавени улици, а на некои места е забележано и излевање на реката Луда Мара од своето корито.