Претседателот на грчката управа за спречување перење пари, поранешен заменик обвинител на Врховниот суд, Хараламбос Вурлиотис, ги замрзна банкарските сметки и имотот на сопствениците на ноќните клубови на Пелопонез поради сомневање дека добивале пари од двајца свештеници, високо позиционирани во хиерархијата на Католичката црква на Грција, објави Атенс Тајмс.
Управата при ревизијата утврдила дека од католичката црква во ноќни клубови се инвестирани големи суми на пари, кои достигнуваат околу 3 милиони евра. Оваа тактика започнала пред осум години.
Од одредени сметки што ги воделе двајцата свештеници биле исплатени големи суми пари кои завршувале на сметките на одредени сопственици на ноќни клубови, што автоматски значело дека тие „вложуваат“ во бизнисот.
Банките ги идентификувале овие трансакции како „сомнително движење на пари“, поради што е започната детална проверка со цел да се мапира позадината и да се идентификува реалниот број на лица инволвирани во случајот.
ulica.mk