Жител на Росоман пријавил дека го нападнала сопругата

0
362

Росоманец на возраст од 31 година денеска пријавил во полицијата во Кавадарци дека бил физички нападнат од сопругата. Според пријавата, нападот се случил вчера околу 16 часот во нивниот дом, по претходна вербална расправија.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.