More

    СДСМ: Мицкоски не сака ниту обединување, ниту единство, тој работи на штета на државните интереси

    Христијан Мицкоски не сака ниту обединување, ниту единство околу ниедно прашање од национален интерес, неговиот однос по прашањето со Бугарија е лицемерен и воопшто не е искрен. Мицкоски ниту еднаш не застана со отворена поддршка за државните позиции иако тие се градени согласно Резолуцијата што токму неговата партија ја поднесе до Собранието а пратениците ја усвоија. Затоа и јавно одбија да бидат дел во работните групи, се вели во Соопштението од СДСМ кое е реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски.

    Во реакцијата од партијата додаваат:

    ВМРО-ДПМНЕ на прашањата со Бугарија, како и за многу важни процеси претходно, единствено гледа како можност да создава тензии и го гради лажниот патриотизам за своите дневно политички потреби.

    Така беше и со лагите дека во Софија државата ќе се распарчувала, така е и сега со лагите дека ќе сме се бугаризирале. Ваквиот однос на Мицкоски е нечесен и неодговорен кон сопствената држава, кон сопствениот народ.

    Секојдневните повици на Мицкоски не се ништо друго освен уште едно негово ново лицемерие.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    broken clouds
    17.8 ° C
    17.8 °
    17.8 °
    82 %
    0.5kmh
    75 %
    Tue
    28 °
    Wed
    28 °
    Thu
    27 °
    Fri
    28 °
    Sat
    19 °
    spot_imgspot_img