Зеленски ги повика светските лидери да воведат санкции против Путин

0
411

Украинскиот претседател Владимир Зеленски ги повика светските лидери да воведат санкции против рускиот претседател Владимир Путин, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во видеопораката што ја сподели на социјалните мрежи, Зеленски рече дека имал телефонски разговор со американскиот претседател Џо Бајден, британскиот премиер Борис Џонсон и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и рече дека започнале со формирање коалиција против Путин.

Наведувајќи дека ги повикал светските лидери да ги спроведат сите можни санкции против Путин, да обезбедат воена помош за неговата земја и да го затворат украинскиот воздушен простор за Русија, Зеленски рече:

„Мораме заедно да ја спасиме Украина.”

Зеленски ја повика јавноста да не паничи, наведувајќи дека направиле сѐ за да ја поддржат Армијата.

извор: Агенција Анадолија (АА).