More

    Рускиот милијардер Роман Абрамович протеран од Велика Британија

    Рускиот милијардер Роман Абрамович доби забрана за престој во Велика Британија, пишуваат британските таблоиди.

    Сопственикот на фудбалскиот клуб Челси, со месеци не е виден во својот дом во Лондон, а извори од Британија велат дека тој никогаш нема да смее да се врати таму.

    Имиграциониот оддел наводно добил насоки да му забранат на Абрамович да се врати во неговата вила во близина на палатата Кенсингтон, која ја платил 125 милиони фунти. На неговиот случај работи специјална имиграциона единица.

    Абрамович е еден од 35-те руски олигарси во Англија. Во 2018 година стана државјанин на Израел што му помогна да влезе во Британија на шест месеци. Неговото богатство се проценува на 8,4 милијарди фунри.

    Неговиот имот вклучува недвижнини, серија суперјахти, како и систем за детекција на проектили. Тој никогаш не добил британско државјанство.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    24.8 ° C
    24.8 °
    24.8 °
    57 %
    1.5kmh
    0 %
    Fri
    24 °
    Sat
    36 °
    Sun
    30 °
    Mon
    22 °
    Tue
    29 °
    spot_imgspot_img