Украински воен авион со 14 лица денеска се урна јужно од Киев

0
559

Украински воен авион со 14 лица денеска се урна јужно од Киев, соопшти службата за итни случаи.

Службата соопшти дека „се уште одредува колку луѓе загинале“.

Инцидентот се случил на околу 20 километри јужно од Киев, по извештаите за напад на неколку локации низ градот.

Засега не е јасно дали авионот бил погоден од руски сили.