More

    Москва е подготвена за преговори, за Украина да се предаде

    Москва е подготвена за преговори за предавање на Украина, изјави денеска портпаролот на Путин, Дмитриј Пешков.

    Според Пешков, рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за преговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски фокусирајќи се на гаранциите за неутрален статус и ветувањето дека нема да има оружје на украинска територија.

    Тоа се условите, рече Песков, кои ќе овозможат постигнување демилитаризација и денацификација на Украина и ќе го елиминираат она што Русија во моментот го смета за закана за безбедноста на руската држава и народ.

    „Претседателот ја формулира својата визија за тоа што би очекувале од Украина за да ги решиме горливите проблеми. Тоа е неутрален статус и одбивање да се инсталираат и користат системи за оружје“, рече Пешков.

    Кремљ сугерира дека ќе го запре нападот доколку Украина се согласи со барањата на Путин

    Пешков додаде дека Путин е тој што ќе одреди кога би можеле да се одржат преговорите и додаде дека Русија ќе влезе во преговорите само ако раководството на Украина е подготвено да разговара.

    „Сегашната операција има свои цели и тие мора да се постигнат. Претседателот рече дека сите одлуки се донесени и целите мора да се постигнат“, рече Пешков сугерирајќи дека доколку Киев се согласи со барањата на Путин, сегашната инвазија на Украина ќе биде запрена.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    17.8 ° C
    17.8 °
    17.8 °
    82 %
    1.5kmh
    0 %
    Sat
    37 °
    Sun
    33 °
    Mon
    21 °
    Tue
    29 °
    Wed
    26 °
    spot_imgspot_img