Руските сили воспоставија контрола над Чернобил

Руските сили ја презедоа контролата врз нуклеарната централа во Чернобил, изјави  советник од украинскиот претседателски кабинет.

„Невозможно е да се каже дека нуклеарната централа во Чернобил е безбедна по тотално бесмислениот напад од Русите”, нагласи советникот Микаил Подолиак.

„Ова е една од најсериозните закани во Европа денес”.

„Руските окупациски сили се обидуваат да ја заземат АЕЦ Чорнобил. Нашите бранители ги даваат своите животи за да не се повтори трагедијата од 1986 година. Тоа го објави денеска украинскиот претседтел Володомир Зеленски на Твитер, нагласувајќчи дека таква порака му пратил на шведскиот премиер.

„Ова е објава на војна против цела Европа”, наведе Зеленски.

 

извор/фото: агенции