More

    Тренчевска: Преку зајакнувањето на дијалогот со сите чинители и капацитетите за програмирање и користење на ИПА фондовите, до поголеми придобивки за граѓаните

    Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на првиот министерски координативен состанок, воден од вицепремиерот за европски прашања и Национален ИПА координатор Бојан Маричиќ, на кој се разговараше за важноста на секторските работни групи, формирани за потребите на ИПА и нивното прераснување во форум кој треба да обезбеди оддржливо и долгорочно планирање на националните приоритети во координација со сите чинители.

    На состанокот беше истакната важноста од вклучување на ресорните министри во работата на групите, со што се потврдува посветеноста во процесот на програмирање и користење на ИПА фондовите.

    Министерката информираше дека Министерството за труд и социјална политика претседава со две  секторски работни групи „Образование, вработување и социјална политика”, која се координира заедно со Министерството за образование и наука и „Интеграција на Роми“ . Беше најавена консолидација на двете групи и прашањата на интеграцијата на Ромите ќе продолжи да се разгледува во рамки на групата „Образование, вработување и социјална политика“.

    „Најавата за започнување на програмскиот циклус за ИПА 2023/2024 ја наметнува и потребата од мобилизирање на секторските работни групи. Во таа насока, заедно со министерот за образование и наука, Шаќири го договоривме и првиот состанок на секторската група  на која ќе ги претставиме и ќе отвориме дискусија за среднорочните приоритети во областите вработување, социјална политика, детска заштита и родова еднаквост и недискриминација, како и Роми. Состанокот е прилика да  упатиме и јасна порака до сите чинители за нашите очекувања за учество, придонес и споделување на информации и одговорности по однос на приоритетите,“ рече Тренчевска.

    Министерката информираше во насока на зајакнување на механизмот на координација на сите чинители, а посебно со донаторите е развиена  едноставна софтверска алатка за прибирање информации за активностите на разните чинители во областите вработување, социјална заштита и Роми. Таа ќе послужи и за мапирање на чинителите, но и за мапирање на интервенциите во пооделните области.

    Таа посочи дека секторите и институциите за подготовка на Акциските фишеа за ИПА 2013/2024, се мобилизирани.  Во текот на март и април ќе бидат спроведени и консултации со сите заинтересирани страни со цел да се обезбеди подобра координација и да се развијат релевантни проекти.

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    broken clouds
    -0.2 ° C
    -0.2 °
    -0.2 °
    86 %
    0.5kmh
    75 %
    Thu
    11 °
    Fri
    8 °
    Sat
    8 °
    Sun
    6 °
    Mon
    1 °
    spot_imgspot_img