More

    Украинците протестираат во Скопје: „Бараме да се сопре војната“

    Украинците во Северна Македонија денеска организираа протест пред Руската амбасада во Скопје поради интервенцијата на Русија врз Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).

    Протестот организиран од страна на Здружението на Украинци во Северна Македонија започна на плоштадот „Македонија“.

    Со украински знамиња и натписи против Путин и Русија, членовите на здружението во Северна Македонија порачаа дека сакаат да испратат порака за тоа што се случува моментално во Украина.

    Демонстрантите на протестот извикуваа пароли од типот „Путин фашист!“, „Стопирајте ја војната во Украина!“, „Путин убиец!“, „Путин убива деца!“.

    Претседателот на Здружението на Украинци во Северна Македонија, Александар Урбанович, во изјавата за медиумите пред Руската амбасада во Скопје рече дека сакаат да ја пренесат пораката дека не е нормално во 21 век да гинат луѓе за да претседателот на Русија остане на власт.

    „Нашата војска е спремна да даде отпор, но пак ќе кажеме, треба да има дипломатија, овој конфликт, пред сѐ, треба да се реши на дипломатско ниво, да се сопре војната и да има мир во Украина, мир во Европа, мир на Балканот. За тоа сме тука денеска, да се сопре војната“, нагласи Урбанович.

    извор: Агенција Анадолија (АА).

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    27.8 ° C
    27.8 °
    27.8 °
    28 %
    3.6kmh
    0 %
    Wed
    28 °
    Thu
    28 °
    Fri
    29 °
    Sat
    29 °
    Sun
    29 °
    spot_imgspot_img