More

    Русија исфрлена од овогодишната „Евровизија“

    Русија нема да учествува на годинашната Евровизија во Торино откако Европската радиодифузна унија (ЕБУ) ја исфрли од натпреварувањето како резултат на воената инвазија во Украина. Ова следува само ден откако ЕБУ кажа дека Русија сигурно ќе учествува, опишувајќи ја Евровизија како неполитички културен настан.

    Ние остануваме посветени на заштитата на вредностите на ова културно натпреварување кое промовира меѓународна размена и разбирање, се вели во соопштението на ЕБУ.

    Украинската државна радиодифузија „УА:ПБЦ“ претходно побара Русија да биде суспендирана. Оттаму кажаа дека руската радиодифузија, која го организира тамошниот избор, е гласник на Кремљ и клучна алатка на политичката пропаганда. И Финска најави дека ќе се повлече ако ѝ се дозволи на Русија да учествува.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    14.8 ° C
    14.8 °
    14.8 °
    88 %
    1kmh
    0 %
    Sat
    37 °
    Sun
    33 °
    Mon
    21 °
    Tue
    29 °
    Wed
    28 °
    spot_imgspot_img