More

    Од следната недела преку матичните лекари ќе се испраќаат покани за вакцинација, најави министерот Сали

    Министерот за здравство Беким Сали најавува дека од следната недела преку матичните лекари ќе се испраќаат покани до ризичните групи на граѓани со цел тие да се вакцинираат.

    -Моментално како најризична група ги гледаме граѓаните над 70 години, како и оние под 70 години со коморбилитети. Затоа од следната недела преку матичните лекари ќе испраќаме покани за вакцинација на оние граѓани кои се во потенцијален ризик, изјави вечерва Сали за централниот Дневник на телевизија „Сител“.

    Се надева дека овие покани ќе резултираат со голем одѕив за вакцинација против Ковид-19.

    -Како Министерство уште од самиот почеток водиме полиберална форма на политика против ковид кризата, затоа што сметаме дека секој поединец има право да одлучи дали ќе се вакцинира или не. Иако сметаме дека во некои околности би требало да инсистираме на вакцинација. Не велам тоа да биде рестриктивно, задолжително, меѓутоа треба да инсистираме, рече Сали.

    Во однос на рестриктивните мерки, рече дека засега остануваат сертификатите како задолжителна обврска во моловите и угостителските објекти затоа што процентот на имунизација во земјава е се уште низок за да може да се размислува за вакви олеснувања.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    27.8 ° C
    27.8 °
    27.8 °
    28 %
    4.6kmh
    0 %
    Wed
    25 °
    Thu
    28 °
    Fri
    29 °
    Sat
    29 °
    Sun
    29 °
    spot_imgspot_img