Две години од првиот регистриран случај со Ковид-19 во земјава

0
364

Две години откако во земјава беше регистриран првиот случај на Ковид-19. Денес, вкупниот број на Ковид-дијагностицирани во земјава е 296.229 лица. Битката со вирусот ја изгубија 8.981, а бројот на активни случаи изнесува 4.644.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа регистрирани се 517 нови случаи од направени 2.669 тестови. Починати се девет лица, а оздравени се 1.022 пациенти.

 

извор/фото: агенции