Во објава на Твитер, Зеленски изразил благодарност до турскиот колега Реџеп Таип Ердоган и турскиот народ за одлуката.
„Благодарен сум на мојот пријател, претседателот Ердоган, како и на турскиот народ за нивната силна поддршка. Забраната за преминување на руски воени бродови во Црното Море и значителната воена и хуманитарна помош се исклучително важни денес. Народот на Украина никогаш нема да го заборави тоа“, рече Зеленски.