Исто така, руската амбасада во Турција наведува дека не добила официјално известување од Турција за затворање на морето за руските воени бродови, пренесе Интерфакс. Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Турција се повлекла од таков потег, пренесе Ројтерс.
Турција, која ги контролира мореузите што ги поврзуваат Медитеранот и Црното Море, официјално не објави никаква забрана за руски воени бродови.
извор/фото: агенции