Абдиџику: Евроатлантското единство околу Украина – историска шанса за Косово во НАТО

0
392

– Лидерот на опозицискиот Демократски сојуз на Косово, Љумир Абдиџику вели дека „досегшното евроатлантското единство во реагирањето на руската агресија врз Украина“ претставува историска шанса за Косово за зачленување во НАТО, јави дописникот на МИА од Приштина.

Абдиџику ги повика косовските државни институции да го искористат „историскиот прозорец“ кој се појави по заедничките реакции на Европската Унија и Соединетите Американски Држави и другите членки на НАТО во однос на украинската криза. – Сегашното евроатлантско единство како реакција на руската тиранија врз Украина е историски прозорец за Косово. Нашето зачленување во НАТО има нова шанса. Косово, нашите институции, нашата дипломатија, треба да го искористат овој историски прозорец кој ретко се отвора волку многу, напиша Абдиџику на неговата страница на Фејсбук.

МИА