Софија и Атина ќе преговараат за нова нуклеарна централа во Бугарија

0
353

Софија и Атина почнуваат преговори за изградба на нова нуклеарна централа во Бугарија што ќе ја користи Грција, според долгорочен 20-годишен договор, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за финансии, Асен Василев за Нова ТВ.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Василев, дејствијата ќе бидат преземени многу брзо, под услов да има купувач за произведената струја.

Бугарија веќе учествува во терминалот за течен гас во Александрополис, рече Василев, додавајќи дека Софија е во преговори со Атина и има поддршка за Бугарија да учествува во самото пристаниште, за да има трговски излез кон Егејското Море.

Василев посочи и дека Грција ѝ продаде 40 отсто од дополнителниот гас на Бугарија, што не го користи и покрај тоа што нејзиниот енергетски систем е на гас. Тој увери дека бугарските власти имаат планови и подготовки за избегнување на енергетската криза во земјата.

извор: Нова ТВ.